Поврзете се со нас

Боречки спортови

МекГрегор му „брбореше“ на Роналдо во лице, видеото ги изнасмеа фановите

Објавено

на

Бокс спектаклот во Ријад наречен „Денот на пресметката“ привлече голем број фанови на боречките спортови, а поради присуството во Саудиска Арабија, еден од почесните гости беше и Кристијано Роналдо.

Португалецот е познат како голем вљубеник во боречките вештини, но за разлика од обично, вчеравечер не можеше баш мирно да ги следи борбите, а причина за тоа беше Конор МекГрегор.

Ирецот допатува во Саудиска Арабија за да бара од промоторите борба со Мани Пакјао, но начинот на кој го правеше тоа стана вирален хит.

МекГрегор му „брбореше“ на Роналдо во лице и Кристијано со насмевка ги проследи зборовите на МекГрегор за Пакјао, а потоа беше приморан да си го споредува часовникот со оној на Конор.

Видеото од Ријад брзо привлече големо внимание на социјалните мрежи и истото ги насмеа фановите, кои најчесто пишуваат дека Роналдо не изгледа баш најимпресионирано што до него седи зборлестиот УФЦ борец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни