Европски првенства
Мегваер: Судијата им подари гол на Македонците
Хари Мегваер направи чист пенал врз Елиф Елмас и истиот не беше досуден од судијата Глова, кој потоа можеби и компензираше и досуди најстрога казна по ударот кој го заработи Миовски во противничкиот шеснаесетник.
Правдата беше задоволена и Македонија поведе против Англија од белата точка, па иако се чини дека тоа беше најправеден епилог од понудените ситуации на теренот во Скопје, Англичаните не престануваат да се жалат за лошата употреба на ВАР во текот на целиот ден.
Цела англиска јавност се крена за досудениот пенал во корист на Македонија, а во тој правец оди и изјавата на Хари Мегваер кој го коментираше пеналот кој го направи Рико Луис, но не и неговиот кој беше повеќе од очигледен.
– Одигравме тежок меч, а судијата им подари гол на домаќините. Кога сте во негатива на ваков терен, секогаш е тешко да се играте во продолжение. Како и да е, покажавме какрактер како тим, игравме против млад тим кој понуд борба, но во други услови и во друг ден комфорно би ги победиле.
– Го контролиравме мечот од почеток до самиот крај, имавме неколку моменти кога бевме невнимателни, а тоа важи и за мене. На крајот, се вративме од голот негатива и не загубивме, – изјави Мегваер.
-
Шпанија22 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Свет9 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Германија21 час
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Англија20 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Англија22 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Европски купови9 часа
Ракометна магија во Скопје: Неверојатната акција на Вардар за која зборува цела Европа (Видео)
-
Англија23 часа
Премиерлигашки фудбалер ќе останел без прст во бизарен инцидент во својата кујна
-
Франција23 часа
„Седумката“ на Гризман во француската репрезентација доби нов сопственик