АТП
Медведев нема да калкулира против Алкарас: Ѓоковиќ е одличен пример за мене

Данил Медведев успеа да оствари уште една чиста победа на завршниот турнир во Торино, поточно по Андреј Рубљов го реши и Александер Зверев и на тој начин обезбеди пласман во полуфиналето на овој Мастерс.
Русинот во завршното коло од групата ќе се соочи со Карлос Алкарас, играч на кого пак му е потребен триумф за место во следната фаза. Медведев најави дека нема да калкулира и ќе направи се за да дојде до 3-0 и со тоа да дојде до уште поголема самодоверба пред завршницата на овој настан.
-Како прво, тоа е нормално. Тој сака да продолжи понатаму. Не ги знам калкулациите. Секако ако го победам Карлос, ќе биде добро за него. Тоа е нормално. Јас би го направил истото. Ќе дадам се од себе против Карлос. Нема да биде лесно. Ама тука, брз терен, може да биде интересно. Секогаш е прашање, се разбира дека не сакате да играте тајбрејк во трет сет по три и пол часа, а потоа да играте повторно следниот ден.
-Во моментот кога ќе се опуштите и ќе си кажете дека натпреварот ќе биде полесен, го губите ритамот. Така функционира тенисот. На пример, Новак минатата година одигра физички многу тежок натпревар против мене. Можеше во еден момент да каже: „Јас сум прв дури и да загубам“. Но, тоа не беше. За мене е одличен пример да дадам се од себе во петок, -порача Данил кој има учинок 2-2 во дуелите со Алкарас.
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 13 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари