Поврзете се со нас

Франција

Мбапе за својата иднина: Не ми е важно кој дрес го носам, но знам зошто луѓето мислат дека сум арогантен

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе се наоѓа на крстопат и во наредните две недели ќе треба да донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи ПСЖ му постави ултиматум и му се закани дека ќе го продаде доколку не потпише нов договор.

Насер Ал Келаифи јасно стави до знаење дека нема да дозволи сценарио во кое најдобриот играч би го загубил како слободен агент наредното лето, па сега преостанувата неполни два месеци за да се реши едно прашање кое се провлекува веќе неколку сезони.

Мбапе минатата година беше блиску до Реал Мадрид, но во последен момент се премисли и остана во ПСЖ, клуб кој сега очигледно ќе мора да се помири со негово заминување.

– Дали ја одиграв последната сезона во Лига 1? Не ми е важно, јас сум натпреварувач, играм само за да победам и ништо друго. Не ми е гајле против кого играм, не ми е важно кој дрес го носам и каде играм. Сега сум на одмор, правам ресет, ги полнам батериите и се враќам со гладта која сите ја препознаваат кај мене. Никогаш не сум задоволен од тоа што го правам, никогаш не сум импресиониран од самиот себе.

– Јас сум гладен само за победи, не сакам да бидам дел од тим само колку да се рече, во тимот сум за да победам. Поради тоа луѓето понекогаш мислат дека сум арогантен, но јас сум роден победник. Не се плашам од неуспех, тоа е дел од спортот, дел од животот на секој спортист, но убеден сум дека сум се родил за да победам и сакам да им го покажам тоа на сите, – вели Мбапе во интервјуто за „Лекип“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни