Поврзете се со нас

Франција

Мбапе: Беше многу полесно да се преселам во Реал

Објавено

на

Килијан Мбапе беше пред преселба во Реал Мадрид, се беше наредено дека ќе заврши во најтрофејниот европски клуб, но тој во последен момент се предомисли и ја продолжи соработката со Пари Сен Жермен.

Со ваквиот потег тој ги изнервира, разочара сите во таборот на „кралевите“ почнувајќи од претседателот Флорентино Перез, но од друга страна пак доби плус симпатии во Париз од подржувачите на составот од „Паркот на принцовите“.

Оваа одлука дефинитивно не беше лесна и тоа за „Спортс Илустрејтед“ уште еднаш го објасни, односно што било пресудно да му каже „НЕ“ на Реал.

-Секогаш зборувам за мојата амбиција, што сакам да правам, и сега е време. Во Париз, книгата е целосно бела. Каква можност! Треба да размислувате поинаку. Се разбира, беше полесно да отидам во Мадрид. Но, јас ја имам оваа амбиција. Јас сум Французин. Јас сум дете на Париз и да се триумфира во Париз, тоа е нешто навистина посебно – навистина посебно. Тоа го запишува вашето име во историјата на вашата земја доживотно. Можете да останете овде за да имате успех. За нас тоа е голема порака, бидејќи кога најавив дека останувам, многу работи се менуваат во менталитетот на луѓето. Луѓето почнуваат да велат: „Да, не треба да заминеме надвор. Не треба да ја напуштите земјата, -вели Килијан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни