Поврзете се со нас

Светски првенства

Мартинез продолжува со провокациите: Знаев дека тој ќе биде нервозен (Видео)

Објавено

на

Французите се револтирани од однесувањето на Емилијано Мартинез, откако аргентинскиот голман претера со провокациите на сметка на Килијан Мбапе по мундијалското финале.

Голманот на Астон Вила ги налути француските колеги, а федерацијата побара од ФИФА да го разгледа неговото однесување, истовремено барајќи објаснување и од колегите од аргентинската федерација.

Мартинез очигледно ги игнорира ваквите замерки, па на прославата за мундијалската титула во своето родно место, се потсмевал со Орелијан Чуамени.

– Кога го одбранив првиот пенал во финалето, знаев дека следното момче ќе биде нервозно.

– Се обидов да му влијаам ментално, ја фрлив топката подалеку и му зборував.

– И тој промаши, им ја уништи целата работа, – изјавил Мартинез пред 100.000 луѓе во Мар де Плата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни