Поврзете се со нас

Франција

Маркињос за ситуацијата со Мбапе: Ако сака да остане…

Објавено

на

Килијан Мбапе испрати писмо до Пари Сен Жермен во кое го информираше клубот дека нема да ја искористи опцијата за дополнителната година во договорот, потег со кој направи потрес на „Паркот на принцовите“.

Ова значи дека Килијан сега е врзан до 2024 година што е лоша позиција за „светците“ кои сакаат да имаат честа слика, односно сега се подготвени на негова продажва затоа што не сакаат да го загубат без обештетување наредната година.

Од друга страна пак напаѓачот во повеќе направи порача дека се гледа во ПСЖ во кампањата 2023/2024 што значи ќе мора да се најде соодветно решение за оваа ситуација. Заминувањето на Килијан би бил голем удар за францускиот првак и останува да се види што ќе се случува, но она што е кристално јасно е дека играчите сакаат Французинот да остане во сегашната средина.

-Ако сака да остане, сакаме и ние да остане. Тој е гениј, чист талент, лидер на ПСЖ и е многу важен за нас. Секое лето зборуваме многу за него, но тој е играч на ПСЖ и сака да остане. Ќе видиме што ќе се случи. Ние играчите сакаме тој да остане. Многу е важно да остане бидејќи имаме амбиции. Го гледам среќен. Неговата статистика, неговите голови, неговите перформанси на теренот го докажуваат тоа. Се работи за играч кој прави многу работи во ПСЖ и кој е важен за тоа кој е тимот, -порача дефанзивецот Маркињос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни