Поврзете се со нас

Светски првенства

Марчинијак призна дека направил една грешка во големото мундијалско финале

Објавено

на

Шимон Марчинијак доби висока оценка од сите судиски експерти и аналитичари за арбитражата во големото финале на Светското првенство, без оглед на тоа што Французите имаа големи забелешки за некои одлуки на Полјакот.

Убедливо најкоментирана беше одлуката за досудениот пенал во корист на Аргентина по стартот на Усман Дембеле над Ди Марија, но Французите се обидоа да доловат дека според фудбалските правила, требал да биде поништен и третиот гол на „гаучосите“.

Марчинијак вчера со видео доказ им одговори на Французите и порача дека тие исто така влегле на теренот при еден од головите на Мбапе, но признава и дека сепак направил една грешка, која сепак не била воопшто сериозна.

– Секако дека имаше грешка во финалето, јас ќе ја кажам на таа што се сеќавам. Се сеќавам дека прекинав француска контра по лош старт на Маркос Акуња.

– Добив впечаток дека фаулираниот играч сака да сопре и погрешно ја протолкував ситуацијата. Можев да дадам предност и потоа да се вратам со картон. Најважно од се е што немаше големи грешки во финалето, – изјави Марчинијак за полски „Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни