Репрезентација
Македонија се покажа во подобро светло, но Грузија го освои „Борис Трајковски“

Македонската кошаркарска сениорска репрезентација доживеа уште еден пораз од Грузија во квалификациите за Светското првенство.
За разлика од средбата во Тбилиси (91-70) ние вечерва засилени пред се со Димитријевиќ се прикажавме во многу подобро светло, но тоа не беше доволно да избориме позитивен резултат против Грузијците кои славеа во СЦ „Борис Трајковски“ со 79-65.
Двете селекции добија по две четвртини, ние првата и третата, противникот втората и четвртата со таа разлика што гостите беа поубедливи во нивните подобри минути.
Димитријевиќ со 25 поени беше прв стрелец во нашиот табор и на натпреварот, Стојановски додаде 13, а Крстевски 11 кошеви.
Кај победникот Мекфаден се издвои со 24 кошеви, додека центарот Шермадини застана на 13 поени и 8 скокови.
Со четири порази сме на последното место на табелата.
-
Шпанијапред 9 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Германијапред 10 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Англијапред 13 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Македонијапред 5 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Шпанијапред 13 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 12 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 10 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Англијапред 9 часа
Марез промаши пенал за победа на Сити, Ливерпул се уште е во игра за трофејот во ПЛ (ВИДЕО)