Поврзете се со нас

Репрезентација

ФИФА ранкинг: Македонија ја задржа позицијата, Бразил ја стопи предноста на лидерот Белгија

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација ја задржа досегашната позиција на ФИФА ранкингот, а промени нема на врвот, иако првата позиција на Белгија сега е многу позагрозена од бразилската репрезентација.

ФИФА објави дека 160 официјални натпревари влегле во пресметката за октомвриската ФИФА ранг листа, а Македонија остана на 74. позиција, со 2,28 поени помалку во однос на минатиот месец.

На врвот Белгија останува прва, но сега има само 12 поени предност во однос на Бразил, што е ефект на двата пораза на Белгијците на завршниот турнир на Лигата на нации и добрата серија на „селесао“ во јужноамериканските квалификации.

Франција и Италија забележаа напредок и сега се на третото и четвртото место, додека Англија падна на петтата позиција на ФИФА рангирањето.

Дел од Топ 10 репрезентациите се и Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и Данска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни