Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија доминираше против Словачка за прва победа на ЕП во Скопје

Објавено

на

Фото: www.fiba.basketball

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години, денеска ја оствари првата победа на Европското првенство Б дивизија, кое се игра во Скопје.

Избраниците на Никола Василев имаа доминација и заслужено славеа над Словачка со 81:64, со што стигнаа до првиот триумф на ова натпреварување.

Македонија имаше плус 12 на полувреме, а не дозволи никакво изненадување и во следните дваесет минути, при што во офанзива најмногу се истакна Теодор Симиќ.

Нашиот центар го заврши натпреварот со 16 поени, 8 скокови и 3 асистенции, а поентерски зад него беа Шошкиќ со 10 и Митревски со 9 поени.

Македонија сега има пораз и победа по воведните две кола, а следен противник ни е Бугарија во вторник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни