Поврзете се со нас

Репрезентација

Магдевски: Полска е вистински испит за тоа што следи

Објавено

на

Foto:kfsm.mk

Најсилната македонска репрезентација ќе биде дел од претквалификациите за Олимписките игри во Париз, а на турнирот во Талин ќе ги одмериме силите со селекциите на Естонија, Чешка и Израел.

Македонските кошаркари веќе некое време се подготвуваа во Скопје и денеска го имаа последниот тренинг пред патувањето во Белград, град во кој ќе одиграме две подготвителни пресметки за претквалификациите.

Нашата селекција ќе има две контролки против силната селекција на Полска, а хендикеп ќе биде тоа што во последен момент отпадна Љубомир Младеновски поради болки во грбот.

– Нè очекуваат два пријателски натпревари против Полска која ја победи Словенија лани на ЕП, што значи дека ова ќе биде вистински испит пред тоа што ни следи.

– Одиме во изменет состав, спој на искусни и млади играчи и ќе видиме до кај сме со нашата моментална форма. Најбитно е да се покажеме во добро светло, без разлика на резултатот, и да се вратиме дома сите здрави од двата меча, – посакува еден од поискусните играчи во националниот тим, Андреј Магдевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни