Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике доби петто засилување во четири дена: ПСЖ исплати 50 милиони евра за ѕвездата на Баерн (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ ја започна оваа недела со коренети промени и му врачи отказ на Кристоф Галтие, но откако го потврди Луис Енрике за негов наследник, клубот активираше пет големи летни засилувања во период од само четири дена.

Прв на листата беше Милан Шкриниар кој пристигна како слободен агент од Интер, истото важеше и за Марко Асенсио на кого му истече договорот со Реал Мадрид, а во изминатите два дена беа презентирани Мануел Угарте од Спортинг и Канг Ин Ли од Мајорка.

За комплетирање на незаборавната седмица, „светците“ го чуваа најдоброто за крај, бидејќи ова попладне го потврдија трансферот за кој се зборуваше во Франција веќе некое време.

Францускиот репрезентативец Лукас Ернандес од денеска и официјално е нов член на ПСЖ, откако клубот од престолнината ги договори сите детали со Баерн за трансфер на дефанзивецот.

Лукас зад себе остава сезона во која се рехабилитираше од тешка повреда на коленото, а Баерн за неговите услуги ќе заработи 50 милиони евра, сума која веќе познато е дека ќе ја инвестира во Ким од Наполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни