Поврзете се со нас

Свет

Лудо финале со 80 гола: Магдебург ја одбрани титулата против Барса

Објавено

на

Магдебург ја одбрани титулата на Суперглоуб, откако во реприза на финалето од минатата сезона, одново имаше повеќе нерви и присебност од Барселона.

Финалето на неофицијалното ракометно светско првенство донесе натпревар како можат да посакаат сладокусците на оваа игра, бидејќи се играше максимално отворен и офанзивен меч, кој на крајот беше завршен со вкупно 80 голови.

Магдебург минатата година ја победи Барса во финалето со 33:28, но по 60 минути игра, вечерва беше 35:35 и мораше да се играат дополнителни минути.

Во нив, Германците имаа повеќе неври и самодоверба за да стигнат до победа од 41:39, со која успеаја да ја одбранат титулата на Суперглоуб.

Игни Магнусон со 12 гола беше најдобар во победничкиот тим, а Абељо беше најефикасен кај Барселона и го заврши мечот со десет погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни