Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лозано: Среќни сме што испишавме историја со Наполи

Објавено

на

Составот на Наполи имаше уште една импресивна партија во Лигата на шампионите и тоа против Ајакс кого го совлада со 4-2.

Ова за калчолигашот беше четврта победа во исто толку натпревари во оваа фаза, односно стигна до 17 голови со што влезе во историјата како трет тим кој ова го остварил по ПСЖ во сезоната 2017-2018 и Баерн Минхен во 2021-22.

Претходниот рекорд пак кога е во прашање италијански тим беше оној на Јувентус на Марчело Липи (14) од кампањата 1995-96.

-Беше одличен натпревар, мислам дека целиот тим заврши добра работа. Многу сум среќен поради победата и мојот гол. Сите со задоволство влегуваме во историските книги. Беше многу тешко против силен тим како Ајакс. Продолжуваме да работиме натпревар по натпревар за да продолжиме да се подобруваме, -истакна Ирвинг Лозано кој беше автор на првиот гол на вечерашниот меч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни