Поврзете се со нас

Италија

Лотито потврди дека Милинковиќ-Савиќ сака да замине, фановите шокирани од неговиот избор

Објавено

на

Сергеј Милинковиќ-Савиќ со години е еден од играчите за врска кои го привлекуваа вниманието на најбогатите европски клубови, но се чини дека српскиот фудбалер има многу поразлични фанови.

Она што е јасно дека Милинковиќ-Савиќ заминува од Лацио, но фановите се шокирани што наместо да се бори со трофеи со друг клуб, решил да прифати понуда од Саудиска Арабија, за која логично главна мотивација се финансиските услови.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, денеска потврдил дека фудбалерот бара да биде продаден, но вели дека засега нема прифатлива понуда од Ал Хилал.

– Фудбалерот побара да замине од Лацио по осум години, не се работи за парите, туку за мотивацијата, сака да направи промена.

– Ако реши да оди во Саудиска Арабија, мотивацијата сепак се парите, но тоа треба него да го прашате.

– Јас се обидов да го задржам, но тоа е негов живот и тој одлучува, ме молеше да му дозволам да замине, – истакнал Лотито.

Шпекулациите се дека српскиот репрезентативец добил понуда за годишна плата меѓу 20 и 30 милиони евра, сума која дефинитивно не може да ја добие во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни