Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул на крајот на сезоната останува без петмина играчи

Објавено

на

Англискиот прволигаш Ливерпул нема добра сезона како во домашните натпреварувања така и во Европа каде беше елиминиран од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Сега на „црвените“ им останува само настапот во ПЛ каде целта е да се обезбеди Топ 4 пласман што ќе биде доста тешко затоа што тука се и Тотенхем и Њукасл. Меѓутоа што и да се случи до крајот на кампањата повеќе од јасно е дека ќе има сериозни промени на „Енфилд Роуд“ во летниот преоден рок, поточно се најавува чистка која пак ќе донесе ангажирање на нови играчи.

Според „Дејли експрес“ пет играчи сигурно си одат и тоа се Роберта Фирмино, Наби Кеита, Алекс Окслејд-Чембрлен, Џејмс Милнер и Адријан.

-Се очекува ремонт во Ливерпул по крајот на сезоната. По крајот на кампањата клубот без обештетување ќе го напуштат Фирмино, Кеита, Окслејд-Чембрлен, Милнер и Адријан, -вели Дејли експрес.

Од сите овие играчи може само да „преживее“ ветеранот Милнер кој се уште има улога на лидер, човек кој знае да даде енергија, сподели искуство, да им биде од помош на помладите.

Кога се во прашање заминувањата не треба да се заборави дека клубот сигурно ќе го напушти Артур Мело кој ќе виде вратен во Јувентус, а останува да се види дали некој фудбалер ќе биде продаден се со цел да се соберат пари за реализирање на некои трансфер зделки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни