Поврзете се со нас

Светски првенства

Ливаковиќ му го подари дресот од дуелот со Јапонија на Стефан Ристовски

Објавено

на

Доминик Ливаковиќ беше еден од најдобрите играчи на Хрватска на последното СП во Катар, а неговите одбрани овоможија избраниците на Златко Далиќ да стигнат до третото место на турнирот.

Ливаковиќ е голман и на хрватскиот првак Динамо, па со тоа и соиграч на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Чуварот на мрежата на „модрите“ покажа дека има посебен респект кон Ристовски, откако решил да му го подари дресот кој го носел за време на дуелот меѓу Хрватска и Јапонија.

Ливаковиќ беше херој на Хрватите во пенал серијата, а Ристовски преку Инстаграм се пофали дека го добил дресот на одличниот голман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни