Поврзете се со нас

Англија

Легендарниот Рајт жестоко го нападна Жота за спорната ситуација со пеналот на Ливерпул (Видео)

Објавено

на

Ливерпул го победи Њукасл по жестока борба на „Енфилд“, во која фановите видоа шест гола во второто полувреме, а дел од случувањата на средбата предизвикаа и дополнителна дебата на социјалните мрежи.

Првично вниманието го привлече Мохамед Салах поради нереализираниот пенал, но на крајот шоуто му припадна на Диого Жота, кој во завршницата изнуди пенал, по кој Ливерпул ги постави конечните 4:2.

Дел од фановите сметаа дека немало ниту контакт меѓу Жота и голманот Дубравка, но легендарниот Иан Рајт отиде во малку поинаква насока.

Некогашниот напаѓач не спори дали имало контакт или не, туку не може да поверува дека Жота реши да падне иако имаше празен гол пред себе.

– Попрво би изнудил пенал отколку да ја испрати топката во празната мрежа! Се ми е јасно, – напиша Рајт на „Икс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни