Поврзете се со нас

Евролига

Легендарниот Лечиќ: Јас сум звездаш, но сите кои сакаат кошарка ќе навиваат за Партизан!

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Оваа вечер со почеток во 21:00 часот се игра големото миланско дерби во полуфиналето во Лигата на шампионите, но во истиот термин, очите на вистинските љубители на кошарката ќе бидат свртени кон Мадрид.

Реал и Партизан вечерва ја играат „мајсторката“ за пласман на заршниот турнир во Евролигата, со што ќе стават крај на возбудливата серија која започна со две гостински победи на српскиот тим, а продолжи со два триумфи на „кралевите“ во Белград.

Неиграњето на Кевин Пантер на двата меча во „Штарк арена“ се покажа како преголем удар за тимот на Обрадовиќ, па сега многумина се надеваат неговото враќање ќе донесе нова искра во тимот на Партизан.

Лазар Лечиќ како основоположник и творец на македонската кошарка признава дека целиот свој живот навивал за Црвена Звезда, но сега го бодри Партизан поради својот добар пријател Обрадовиќ.

– Сите знаат, јас секогаш сум бил Звездаш и не сум навивал за Партизан, но сега навивам за Партизан поради мојот пријател Обрадовиќ. Ќе биде тешко, тоа што се случи на вториот меч во Шпанија ги измести сите работи. Сепак, ќе биде многу важно враќањето на Пантер, тој може да ја отвори таа зона со која играше Партизан. Партизан победи двапати во Мадрид, зошто да не победи и сега. Сите кои сакаме кошарка, ќе навиваме за Партизан, – вели Лечиќ во интервјуто за „Косово онлајн“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни