Поврзете се со нас

Македонија

Лазаров: Ме радува победата на Еурофарм Пелистер 2 над Вардар, тоа е добро за македонскиот ракомет!

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација денеска го имаше првиот собир кој го закажа селекторот Кирил Лазаров за двете пресметки со Египет кои следат во ЕХФ неделата, дуели кои ќе бидат одлична подготовка за Европското првенство кое е на програмата на стартот на 2022-ра година.

Селекторот Лазаров повика 22 ракометари кои треба да се најдат во прв план и има уште десет резерви, но покрај тоа што денеска направи најава за двата дуели против Египет, ја коментираше и вчерашната ракометна сензација која се случи во Битола, каде вториот тим на Еурофарм Пелистер го победи Вардар.

– Ме радува победата на Еурофарм 2 и допрва ќе ме радуваат такви победи. Проекти како Еурофарм Пелистер 2 и Алкалоид се добра шанса за млади ракометари, тоа е добро за македонскиот ракомет. Треба да се пофали и одлуката да се внесат Вардар и Еурофарм Пелистер во домашното првенство од самиот старт, а не само за разигрувањето. Да не го направевме тоа, немаше да го видиме она вчера. Победата на вториот тим на Еурофарм е за пофалба, се виде дека мотивиран аутсајдер од млади ракометари може да победи апсолутен фаворит. Таков процес мора да има во ракометот. Тие млади деца загубија од Тиквеш, ремизираа со Струга, а сега го победија Вардар. Ме радува тој факт, но треба да се биде и внимателен.

– Станува збор за малди играчи кои имаат многу осцилации од меч во меч, но она што се случи вчера треба да ја радува Македонија. Може да зборуваме дека Вардар не бил мотивиран и дека не бил комплетен, но победа си е победа и никој не може да оспори ништо за триумфот на младите ракометари, – изјави селекторот Лазаров на брифингот со новинарите, на кој претходно ги анализираше двата дуели со Египет.

– Направив своја анализа, а потоа и анализа со стручниот штаб за квалификациите кои ги одигравме со Данска, Финска и Швајцарија. Студиравме, запишавме кои се добри работи, а каде треба да се подобриме. Знаеме на што целиме и сакаме да го дочекаме Европското првенство како што треба. Морам да ги пофалам момците, но имаме простор за напредок. Кога барав противници за оваа ЕХФ недела, сакав да биде селекција од најсилен ранг. Прва опција ми беше Шпанија, но тоа се покажа како комплицирано, па добра опција е и Египет. Резултатот ќе биде важен, не може да бараме алиби бидејќи оваа недела сакаме да ја искористиме максимално, – порача Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни