Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров кратко објасни зошто и понатаму го игнорира Манасков

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација претрпе два порази на двата меча со Португалија во квалификациите за Европското првенство, циклус кој продолжува на крајот на месец април со два меча за нашиот најсилен тим.

Македонија ќе ги одмери силите со Луксембург и Турција во пресметки во кои влегува како фаворит за победа, но пред да дојде до борба на теренот, Кирил Лазаров денес за првпат ги собра играчите и означи старт на подготовките.

За разлика од последниот список, во истиот сега се најдоа Талески и Георгиевски, но Лазаров и натаму не смета на искусниот Дејан Манасков и кратко објасни за што се работи.

– Со Манасков имавме непријатно искуство пред Светското првенство и за време на мундијалот. Поради тоа, решив да им дадам шанса на помладите ракометари на таа позиција, – кратко одговори Лазаров на денешниот брифинг со новинарите.

– Во овој тим, 90 проценти од репрезентативците доаѓаат од македонската лига, задоволен сум од нив и од формата која ја прикажуваат. Ги познавам сите и се надевам дека сериозно ќе го сфатат овој предизвик кој следи. Ние имаме улога на благи фаворити на следните два меча, ја прифаќаме таа улога, но мора да бидеме претпазливи. Да направиме три-четири тренинзи, да го искористиме краткото време и да обрнеме внимание на тактички план. Нема да дозволам да го потцениме противникот, повторно сме на чекор до Европско првенство и очекувам тимот сериозно да си ја сфати работата. На овие два натпревари, ќе очекувам да ја подобриме играта во одбрана, – изјави Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни