Поврзете се со нас

Англија

Лампард му одговори на Ришарлисон по коментарот за неамбициозноста на Евертон

Објавено

на

Foto:twitter.com/Everton

Ришарлисон во последниот преоден рок се пресели од Евертон во редовите на Тотенхем, а со последната изјава успеа да го испровоцира Френк Лампард.

Менаџерот на тимот од „Гудисон Парк“ експресно му одговори на Бразилецот, кој истакнал дека заминал во Тотенхем, бидејќи е клуб со поголеми амбиции.

– Евертон потроши многу пари последните неколку години, па амбициите можат да се мерат на различен начин.

– Треба да се има предвид и историјата, трофеите кои Евертон ги има освоено, а и јас лично имам одредени амбиции. Ако не бев амбициозен, немаше да бидам тука, да се обида да изградам нешто.

– Точно е дека Тотенхем игра во Лигата на шампионите и тоа прави разлика, па можеби тој ја толкува амбициозноста преку овој критериум, – изјавил Лампард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни