Поврзете се со нас

Светски првенства

Кунде одигра 40 минути со „дополнителна опрема“, судијата ја прекина играта (Видео)

Објавено

на

Жул Кунде му го украде местото на Бенжаман Павар во стартната постава и стана јасно дека Дидие Дешамп полека ја губи довербата кај играчот на Баерн Минхен, кој ако се говори реално, никогаш не ги повтори настапите од брилијантното Светско првенство пред четири години.

Фудбалерот на Барселона денеска доби предност на десната бековска позиција која инаку не е природна за него, но тој привлече големо внимание и поради прекинот кој го предизвика пред крајот на првото полувреме.

Кунде цели 40 минути одигра со „дополнителна опрема“ која не е дозволена според правилникот на ФИФА, односно судиите предоцна забележаа дека дефанзивецот на Франција игра со златно ланче на вратот.

Според прописите на ФИФА, фудбалерите не смеат да настапат на професионален натпревар со никакви додатоци и накит освен стандардната опрема, па Кунде мораше да добие и мала асистенција од француската клупа пред да се продолжи мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни