Поврзете се со нас

Свет

Крос воодушевен од еден соиграч во репрезентацијата: Еден тренинг ми беше доволен (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос ја остави германската репрезентација по Европското првенство во 2021-ва година и стави крај на една етапа како лидер во средниот ред на „панцирите“, но три години подоцна се премисли и сега се врати во националниот тим во подготовките за континенталниот турнир кој ќе се игра во неговата земја.

Ѕвездата на Реал Мадрид се одзва на повикот од Јулијан Нагелсман и му се приклучи на најсилниот тим, а во текот на вчерашниот ден имаше можност да запознае дел од младите играчи кои не беа во најсилниот германски тим кога тој си заминуваше.

Од тоа што го видел на утринскиот вторнички тренинг, Крос останал посебно импресиониран од Џамал Мусиала, младата ѕвезда на Баерн која вели дека тој ја следел и во Лигата на шампионите.

– Да бидам искрен, не ја гледам премногу Бундеслигата, повеќе гледам Лига на шампиони. Таму го гледам и Џамал и навистина има што да се види.

– Дури и да го немав видено досега, доволен ми беше утринскиот тренинг за да видам за каков играч станува збор, – изјави Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни