Поврзете се со нас

НБА

„Кралот“ за историја: ЛеБрон стана прв играч со 40.000 поени во НБА (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Lakers

ЛеБрон Џејмс влезе во историјата на НБА лигата како прв кошаркар кој постигнал 40.000 поени во ова елитно натпреварување.

Лос Анџелес Лејкерс загубија од шампионот Денвер со 114:124, но ЛеБрон реализираше 26 поени, со кои ја надмина границата која досега беше недостижна за голем број ѕвезди кои настапувале во НБА.

Поените со кои „Кралот“ стигна до 40.000 поени беа постигнати во вториот период, за водство на Лејкерс 37:32 во тие моменти од мечот.

ЛеБрон доби овации од фановите на првиот тајмаут, а топката со која е постигнат рекордот веднаш била повлечена од употреба и ќе заврши на некое посебно место на кое ќе биде означено ова историско постигнување.

Првата ѕвезда на Лејкерс ја игра 21-та сезона, а претходно го собори рекордот на Карим Абдул-Џабар, кој беше лидер меѓу стрелците со 38.387 поени.

Никола Јокиќ со 35 поени го предводеше Денвер и во Ел-Еј, овозможувајќи му нов триумф на својот тим во ноќта во која Џејмс стигна до нов индивидуален рекорд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни