Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Кралевите“ му одговорија на Гвардиола преку мадридските медиуми: Ќе беше добро ако…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола беше задоволен од храброто издание на неговите момци на гостувањето во Мадрид и остана среќен од конечните 3:3, резутлат кој остава се отворено за игра кога е реваншот на „Итихад“ во прашање.

Шпанскиот стручњак нагласи дека пред неговиот тим има уште многу работа и дуелот и натаму останува 50-50, но на заминување од шпанската престолнина, не пропушти да испорача и една „отровна стрела“.

Говорејќи за модернизираниот „Сантијаго Бернабеу“, Пеп посочи дека теренот не бил на потребното ниво и му препорача на Флорентино Перез повеќе да се занимава со тој проблем, а таквиот негов став брзо предизвика лавина од реакции во јавноста.

Менаџерот на Сити проба да се дообјасни и беше доста поблаг на прес-конференцијата, но денеска пристигна одговор од Реал Мадрид, и тоа испорачан преку двата најугледни мадридски спортски медиуми „Марка“ и „АС“.

– Изненадени сме од забелешките. Теренот на „Бернабеу“ во овој момент не е за чиста 10-ка, но е за една добра „8-ка“. Ќе беше добро ако сите терени на светот имаа ваква тревна подлога, – гласи ставот на Реал Мадрид кој беше пренесен преку двата познати медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни