Поврзете се со нас

НБА

Крај на една ера во НБА лигата: Специјалистот за одбрана објави дека заминува во пензија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/warriors

НБА лигата доби неколку големи ѕвезди во изминатите неколку години и американската кошарка продолжува да еволуира, а во период кој е означен како транзиционен, фановите денеска се поздравуваат со уште една голема легенда.

Андре Игудала денеска објави дека става крај на своето незаборавни 19-годишно патување, што автоматски значи дека во иднина нема да гледаме еден од најуспешните кошаркари во последната деценија.

Игудала важеше за специјалист за одбрана и последните години ги мина како член на Голден Стејт, каде успеа да освои и четири шампионски прстени под водство на Стив Кер.

Незаборавната епизода со „воините“ стартуваше во 2015-та година кога првпат беше освоен шампионскиот прстен, а во тој поход Игудала беше избран за МВП во финалето со просек од 16 поени, 6 скокови и 4 асистенции.

Игудала планираше да се повлече уште на крајот на минатата сезона, но тогаш Стеф Кари го убеди да остане уште една сезона, која за жал беше одбележана од тешката повреда на колкот, која сега ја завршува и неговата кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни