Поврзете се со нас

Светски првенства

Кошаркарски инфаркт: Бриџис намерно промаши слободно фрлање, па погоди луда тројка за продолжение (Видео)

Објавено

на

Канада и Америка понудија страшна кошаркарска претстава, во која имаше драматична кулминација кога сите ги видоа Дилон Брукс и компанија како победници во ова шоу.

Канаѓаните имаа четири поени предност на четири секунди пред крајот на регуларниот дел, но тогаш беше направен фаул врз Бриџис, најдобриот американски кошаркар на овој турнир.

Ѕвездата на Бруклин го погоди првото слободно фрлање, а потоа намерно го промаши второто и имаше многу среќа да биде најбрз до топката која се одби.

Бриџис ја фати истата и потоа испорача луда тројка на шест десетинки до крајот, а со тоа натпреварот го однесе во продолжение.

Кошаркарскиот трилер не остави никој рамнодушен во салата, па во вип ложата скокаа и легенди како Мело Ентони и Пау Гасол….
.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни