Репрезентација
Кошаркарите немаа решение за Израел на првиот настап во олимписките предквалификации
Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Израел (86:65) на првиот настап на претквалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри, на турнирот кој се игра во Талин, Естонија.
Избраниците на селекторот Александар Јончевски имаа пет поени негатива по првиот период, Израелците ја зголемија предноста до полувреме и имаа плус девет, но нашите најдобри кошаркари немаа сили за пресврт во продолжението.
Противникот го засили темпото во третиот период и фактички го најави победникот, потврдувајќи го убедливиот триумф до крајот, за конечни 86:65.
Шорц со 22 и Магдевски со 11 поени беа најефикасни во македонскиот состав, додека кај противникот, Соркин реализираше 21 поен.
Македонија веќе утре го продолжува настапот на овој турнир и за противник од 18 часот ја има домашната селекција на Естонија, која денеска загуби од Чешка.
-
Англијапред 6 часа
Разиграниот Челси потопи уште еден ривал од Лондон (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 14 часа
Винисиус го „поздрави“ Араухо и ја повтори неговата изјава од минатата година (Фото)
-
Италијапред 13 часа
Инѕаги ги потврди првите две летни засилувања за шампионот Интер
-
Шпанијапред 12 часа
Белингам ја прослави првата титула во Ла Лига со најсаканата личност во животот (Фото)
-
Светпред 7 часа
Меч кој ќе се памети: Меси ја одигра најдобрата партија во кариерата (ВИДЕО)
-
НБАпред 14 часа
Неверојатниот Едвардс го засени Јокиќ, Минесота ја отвори со брејк полуфиналната серија (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Лапорта беснеел во ВИП ложата и извикувал исти зборови по харакири-сценариото на „Монтиливи“
-
Шпанијапред 11 часа
Модриќ и Начо влегоа во историско друштво по освоената титула во Ла Лига (Фото)