Боречки спортови
Конор не издржа и веднаш со сочна провокација се јави по интервјуто на Хабиб: Имаш нула сила, мече (Фото)

Хабиб Нурмагомедов го привлече своето внимание со последното интервју во кое говори дека не планира да се врати во октагоните и посочи дека стои на ставот дека и дефинитивно е пензиониран од овој спорт.
Дагестанецот притоа додаде дека тој е најдобриот и најсилниот борец во историјата на УФЦ, зборови кои очигледно не му се допаднаа на Конор Мекгрегор.
Мекгрегор ги искористи социјалните мрежи за да упати уште една провокација на адреса на Нурагомедов кој го порази во најголемата пресметка во историјата на УФЦ. Ирецот очигледно не може да преболи што нема да добие можност за реванш со Нурмагомедов кој посочи дека ниту една пара на светот не може да го натера да го промени мислењето и нема да го врати од пензија.
Мекгрегор ја искористи статистиката на Нурмагомедов за да потенцира дека дагестанскиот фајтер ја нема силата која ја прикажува во интервјуата.
– Осум нокаути/ технички нокаути од 30 борби= нула снага. Не заборавај го тоа, плишано мече, -напиша Конор на својот Твитер профил.
Мекгрегор од 27 свои борби, дури 19 ги добил со нокаут, но во кариерата има претрпено и пет порази, за разлика од Нурмагомедов кој нема ниту еден.
8 ko/tko across 30 fights = zero power.
Don’t forget it teddy bear.— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) March 21, 2021

- Италијапред 23 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Англијапред 20 часа
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Шпанијапред 22 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 22 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Италијапред 17 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Италијапред 24 часа
Смолинг доживеал „криминалистички филм“ во својот дом, под закана го отворил и сефот
- Англијапред 21 час
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 18 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин