Поврзете се со нас

Македонија

„Комити“ приредија спектакл на националната арена и го најавија големото македонско дерби (Видео)

Објавено

на

Вардар успеа да распродаде повеќе од 30 илјади билети за првиот натпревар во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, а бидејќи дербито против Пелистер беше одложено поради лошите временски услови минатиот викенд, истото ќе биде одиграно претстојниов.

Вардаровите верни навивачи „Комити“ во изминатите 30-тина дена имаа иницијатива за „Спас на Вардар“ и успеаја да соберат парични средства за опстојување на клубот во најкритичните моменти од постоењето, па со оглед на финансиската криза, најтрофејниот клуб ќе функционира благодарние на своите верни навивачи и во вториот дел од натпреварувачката сезона.

Најверните фановите на Вардар решија да го прослават распродавањето на целиот капацитет на националната арена, па иако на дербито нема да смее да има навивачи, денеска беше направено шоу на „Тодор Проески“ арената и навивачката група „Комити“ ја прослави победата на фудбалот и опстојувањето кое го осигура за клубот.

Вардар во вториот дел од сезоната ќе биде воглавно составен од млади фудбалери кои ќе имаат голема глад да се докажат, а најголемата одговорност му припадна на Никола Илиевски Џиџи кој прифати да биде тренер на овој тим.

Posted by Komiti Skopje on Петок, 19 февруари 2021

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни