Поврзете се со нас

Свет

Клубот од Белград не застанува: Звезда го доведе играчот кој му ја „украде“ титулата на Шортс во Германија

Објавено

на

foto: www.facebook.com/ratiopharmulm

Црвена Звезда е еден од најактивните евролигаши на кошаркарската сцена и најдобар доказ за тоа е што денеска го промовираше дури деветто засилување за престојнава сезона.

По Шабаз Нeјпир, Милош Теодосиќ, Адам Ханга, Дејан Давидовац, Рокас Гиедраитис, Џоел Боломбој, Мајк Тоби и Марко Симоновиќ пристигна и репрезентативецот на Бразил, Јаго Дос Сантос Матеус.

Се работи за плејмејкер висок 175 сантиметри кој досега во Европа играше само за германски Улм. Мина само една сезона во Улм, а во истата блескаше особено во финалната серија во шампионатот против Бон каде го надигра нашиот репрезентативеџ Ти Џеј Шортс и му ја донесе титулата на овој тим.

Тој со „црвено-белите“ потпиша тригодишен договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни