Поврзете се со нас

Свет

Клатенбург доби нов ангажман, ќе ги контролира судиите во африканска земја

Објавено

на

Марк Клатенбург се повлече од судењето кога беше на врвот на УЕФА и ФИФА листата на елитни судии, а сега доби нов менторски ангажман надвор од Англија.

Клатенбург прифатил да биде предводник на новоформираната судиска комисија во Египет и ќе биде ангажиран од фудбалската федерација на оваа африканска земја.

Голем број клубови жестоко протестирале поради квалитетот на судењето во египетската Премиер лига, па федерацијата решила да го доведе Клатенбург како човек кој ќе може да им помогне во посакуваниот напредок.

Клатенбург зад себе има 570 официјални натпревари, а пикот го достигна во 2016 година кога го судеше финалето на Лигата на шампионите и подоцна и финалето на Европското првенство.

Една година подоцна беше ангажиран да ги контролира судиите во Саудиска Арабија и се повлече од активното судење.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни