Поврзете се со нас

Германија

Кимих одговори на интересот од Барселона и го откри планот за иднината

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Чави Ернандес јавно говореше за неколку потенцијални засилувања на Барселона во летниот преоден рок и едно од нив беше Џошуа Кимих, фудбалер за кој не штедеше комплименти и за кој најави сериозни проговори доколку самиот играч покаже желба да се пресели на „Камп Ноу“.

Барса пред една година пазареше од „Алијанц арена“ и успеа да го доведе Роберт Левандовски кој почувствува потреба да направи промена во кариерата, но барем засега Кимих не е подготвен за таков чекор.

Германскиот репрезентативец даде кратки одговори за „Билд“ поврзани за својата фудбалска иднина, со кои јасно стави до знаење дека неговата иднина е тесно поврзана со Баерн.

– Слушнав за пишувањата, беше тешко да не дознаам такво нешто. Сепак, генерално гледано, јас воопшто не сум засегнат од гласините и шпекулациите.

– Како што сите знаат, се уште ми преостануваат две години од договорот си имаме големи планови со Баерн за наредната сезона, – изјави Кимих.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни