Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кел излезе со коментар за тензичниот клинч кој го имаше со Симеоне

Објавено

на

Атлетико Мадрид контролираше и беше подобар тим од Борусија Дортмунд цели 70 минути, но во последните 20 загуби енергија и малку фалеше да остане и без минимална победа.

Германците како по обичај играа до самиот крај и се вратија во игра со голот на Але, а потоа во 95-та минута ја погодија и гредата по ударот со глава на Јулијан Брандт.

На крајот, Атлетико ќе патува на „Сигнал Идуна парк“ со минимална предност и ќе се гледа возбудлив и интересен натпревар на реваншот, а сигурно ќе има искри какви што имаше и изминатава вечер.

Диего Симеоне и Себастијан Кел влегоа во клинч во второто полувреме, сето тоа како резутлат на контрата која ја имаше Атлетико додека Емре Џан лежеше на тревата.

– Не треба да се зборува за таа сцена, треба да се зборува за фудбалот. Имаше многу добри работи на теренот и одигравме добар меч во вториот дел. Емоциите излегоа од нас во дадената ситуација. Тој ја бранеше својата страна, а јас мојата. Немаше ништо повеќе, тоа беше се. Тој го знае тоа и јас го знам тоа, да го оставиме тоа на теренот, – изјави спортскиот директор на Борусија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни