Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кејн даваше интервју, фановите на Арсенал го исмеваа со песна за Гранит Џака (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Хари Кејн постигна гол на „Емирејтс“ и во тој момент му донесе предност на Баерн против Арсенал, но на крајот тој и неговите соиграчи мораа да се задоволат со реми во Северен Лондон.

Кејн по натпреварот не криеше дека му е посебно мило што постигнал гол против најлутиот ривал на Тотенхем, меѓутоа додека давал интервјуа, се соочил и со една урнебесна ситуација.

Во разговорот за „ТНТ Спортс“ со Рио Фердинанд и Мартин Кион, Кејн мораше да слуша и провкации од трибините, а истите беа поврзани за поранешниот член на Арсенал.

Кејн замина во Баерн со јасна мисија да освојува титули, но како што стојат работите, ќе мора да почека уште некое време за прв трофеј во домашно првенство.

– Гранит Џака е на врвот на табелата, – му пееја навивачите на Арсенал, алудирајќи на големата предност која ја има Леверкузен во битката за Бундеслигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни