АТП
Карлос не може да крене глава: Алкарас претрпе нов пораз на стартот на завршниот Мастерс (Видео)

Карлос Алкарас дефинитивно е далеку од формата која го красеше во најголем дел од 2023-та година, а доказ за тоа добивме и на мечот на кој требаше да има голема мотивација за триумф.
По поразите од Григор Димитров и Роман Сафјулин, Карлитос денеска го претпре и третиот неуспех во низа, бидејќи „црвената група“ на завршниот Мастерс во Торино ја започна со пораз од Александер Зверев.
Алкарас не загуби ниту еден сет на претходните две пресметки со Саша во текот на годината, но денеска наиде на расположен ривал, но правеше и доста некарактеристични грешки како на претходните два меча.
Шпанецот со доста среќа го доби првиот сет во тајбрејкот и поведе со 1:0, но Зверев беше далеку поконстантен на свој сервис и на крајот тоа ја направи клучната разлика.
Германецот лесно израмни на 1:1 добивајќи го вториот сет со 6:3, додека подобар беше и во третиот одлучувачки, во кој доволен му беше еден брејк за триумф од 6:4.
Во истата група, подоцна вечерва силите ќе ги одмерат Данил Медведев и Андреј Рубљов во големото руско дерби.
The 2-time Champ is up and running 🏃♂️@AlexZverev defeats Alcaraz to kick off his #NittoATPFinals campaign! pic.twitter.com/Ds6sTahyoB
— Tennis TV (@TennisTV) November 13, 2023
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 23 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 17 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Италијапред 19 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Францијапред 22 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)