Поврзете се со нас

НБА

Кари повторно оди на принудна пауза

Објавено

на

Фото: twitter.com/warriors

Стеф Кари нема среќа сезонава со повредите и повторно ќе мора да оди на принудна пауза.

Првата ѕвезда на Голден Стејт заработи повреда на дуелот со Далас, а најновите информации од САД велат дека таа не е наивна.

Според порталот „Атлетик“, Кари има повреда на лигаменти на левата нога и ќе мора да мирува неколку недели. Засега Вориорс не излегуваат со точна прогноза, но оптимистичка варијанта е Кари да се врати кон крајот на февруари.

Кари имаше судир со колената со МеКинли Рајт, по што мораше порано да го заврши дуелот со Далас, а неговиот тим успеа да стигне до победата.

Претходно, Кари пропушти единаесет натпревари поради проблем со рамото во декември и јануари, а неговиот тим е на осмото место во западната конференција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни