Поврзете се со нас

Англија

Карагер: Ливерпул треба да се фокусира на еден играч на Сити, а тој не е Халанд

Објавено

на

Ливерпул и Манчестер Сити ќе го играат дербито на викендот во фудбалска Англија и тоа е натпреварот за кој неколку дена однапред говорат и стручните коментатори на англиските медиуми.

Џејми Карагер како поранешен член на Ливерпул смета дека фудбалерите и менаџерот Јирген Клоп треба да се фокусираат повеќе на Кевин де Брујне, отколку на Ерлинг Халанд.

– Најважни играчи на Сити се Де Брујне и Халанд, но тие се заедно како пакет.

– Јас би бил фокусиран на Де Брујне, бидејќи ако го сопреш него, тогаш Халанд нема да добие 50 проценти од топките кои вообичаено ги добива. Халанд е неверојатен фудбалер, но му треба помош од соиграчите и нема подобар од Де Брујне во таа улога, – вели Карагер.

Поранешниот дефанзивец очекува добар натпревар за „црвените“, но сепак тврди дека убедливата победа над Ренџерс не значи ништо во однос на враќањето на препознатливата форма.

– Мислам дека Клоп не е убеден дека се е во ред со екипата бидејќи го победија Глазгов Ренџерс со 7:1. Имаа неколку добри резултати и претходно, а потоа натпревари на кои се губеа. Клоп знае дека Ренџерс и Сити се како ден и ноќ, иако се уште сметам дека Ливерпул има екипа со која може да одигра натпревар доволен за победа над Сити, – потенцира Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни