Поврзете се со нас

Италија

Канаваро со коментар за трансфер пазарот во Италија: Ја издвои „кралицата“, но и најинтересното засилување

Објавено

на

Фабио Канаваро до последен момент навиваше за трансфер на Кристијано Роналдо во Наполи, но на крајот тоа не се случи и стана јасно дека Осимен останува во Неапол, а Португалецот во Манчестер.

Легенарниот италијански стопер не крие дека е огромен фан на Наполи со оглед на тоа што се работи за клубот од неговиот град, но сепак смета дека поради звучните имиња кои ги доведе, „старата дама“ се претворила во „кралица“ на трансфер пазарот.

– Јувентус донесе најпознати имиња. Ќе кажам дека „старата дама“ е „кралица“, барем според тоа што го добија и потрошија. Ќе видиме како ќе се покажат засилувањата кога ќе почнат да играат на теренот.

– Ако зборуваме за најдобриот трансфер рок гледајќи од буџетска страна, ќе кажам дека најдобар беше Наполи. Се ослободи од високи плати, а зема интересни играчи. Рома доби искусни фудбалери, Мурињо ќе има искуство во тимот, а очекувам и повеќе од Фиорентина оваа година.

– Враќањето на Лукаку е важен потег од Интер и без сомнение се очекува подобра игра од нив. Искрено, и јас сакав да го видам Роналдо во Неапол, но Кварацхелија е многу интересен играч и веќе тоа го покажа на цела јавност, – потенцира Канаваро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни