Поврзете се со нас

Италија

Јувентус последен пат примил пет гола кога Алегри бил стрелец за противникот

Објавено

на

Јувентус доживеа тежок пораз на дербито со Наполи, а покрај фактот што противникот сега има десет бода предност на табелата, успеа да испорача и пет гола во мрежата на Шчесни.

Навивачите на „бјанконерите“ не можат да бидат задоволни од случувањата во Неапол, а голем дел од нив не биле ниту сведоци на пораз во кој Јуве примил пет „парчиња“.

Тоа е така затоа што последен пат Јувентус примил пет гола во 1993 година, односно пред нецели триесет години.

За да биде поинтересно, Јувентус загубил со 5:1 од Пескара, а стрелец за противникот од пенал бил денешниот тренер, Макс Алегри.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна последниот, петти гол за Наполи на вчерашниот дуел, со што тимот на Лучијано Спалети го откажа Јувентус од борбата за скудетото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни