Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед режирал несфатлив циркус со новиот договор на Де Хеа, па морал да ја повлече понудата

Објавено

на

Манчестер Јунајтед постигна усмен договор со Давид Де Хеа за продолжување на соработката уште пред самиот крај на сезоната, но кога се требало да се комплетира, настанал голем хаос поради циркусот кој го режирале директорите на клубот.

Имено, Де Хеа се согласил на значително намалување на неделната плата од 375 илјади фунти и прифатил да игра за многу помалку, па иако ставил потпис на договорот кој му бил испратен, истиот сега е невалиден.

Угледниот „Атлетик“ открива дека Манчестер Јунајтед направил голем превид и не го завршил својот дел од задачата, односно му испратил непотпишани документи на шпанскиот чувар на мрежата.

Поради оваа несфатлива грешка, целата процедура сега ќе мора да се повтори, но пред да дојде до тоа, Манчестер Јунајтед размислува дали да ангажира нов голман и дополнително да го зголеми притисокот врз Де Хеа.

Искусниот чувар на мрежата имаше многу добри партии изминатава сезона, но имаше и деновите кога правеше почетнички грешки, како што беше онаа во големото финале во ФА Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни