Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ во улога на плејмејкер: Импресивен спринт на 211 сантиметри високиот „џин“ (Видео)

Објавено

на

Никола Јокиќ го водеше Денвер до воведна победа во новата натпреварувачка сезона во НБА лигата, а со своето издание, само уште еднаш ги потсети фановите зошто беше избран за МВП минатата натпреварувачка сезона.

Србинот го заврши мечот со статистика од 27 поени и 13 скокови зад своето име, но во остварениот трипл-дабл, понуди и неколку извонредни потези, од кои еден сепак се издвојува поради необичноста.

Јокиќ обично го има главниот збор во противничкиот рекет каде наоѓа извонредни решенија со својот непредвидлив шут и луцидни додавања, но изминатава вечер ни докажа дека знае да се снајде и во улога на плејмејкер.

Откако оствари дефанзивен скок, Јокиќ тргна во напад како класичен плеј, па соло акцијата ја спроведе до крај од кош до кош за сигурна реализација, нешто што е карактеристично за многу побрзи кошаркари од него.

Инаку, во вториот натпреварувачки ден, Денвер играше на гости кај Феникс и победи со 98:110.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни