Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ „испука“ нов трипл-дабл, Денвер лесно се справи со ослабениот Лејкерс (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа над Лос Анџелес Лејкерс (122-109) во дербито на западната конференција кое се одигра во Колорадо.

Гостите на овој меч не можеа да сметаат на двајцата најдобри свои играчи Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, па тоа домаќините знаеја како да го искористат и дојдат до рутински триумф број 27 во актуелнава кампања.

Мари со 34 поени беше најрасположен играч на теренот, но во исто време не смее да се заборави учинокот на Јокиќ кој имаше нов трипл дабл од 14 поени, 11 скокови и дури 16 асистеции.

Кај „езерџиите“ кои во овој дуел влегоа со пет триумфи во низа, најефикасен беше Вестбрук со 25 поени на кои придодаде по 7 скока и исто толку асистенции.

НБА резултати:

Вашингтон – Њу Орлеанс 112:132
Бостон – Чикаго 107:99
Њујорк – Милвоки 107:111
Мемфис – Сан Антонио 121:113
Денвер – ЛА Лејкерс 122:109
Сакраменто – Орландо 136:111

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни