Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски двоцифрен во новата победа на Вашингтон Стејт (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски со неговиот Вашингтон Стејт дојде до уште една победа во НЦАА лигата, победа број 23. во 30. натпревар.

Последна жртва на „кугарс“ беше УКЛА (Универзитетот Калифорнија, Лос Анџелес) која беше совладана со 77:65. Првиот дел Андреј и компанија го реализираа со 40:32, а и вториот имаше слично сценарио со оглед на тоа што заврши со четири разлика за домаќините (37:33).

Јакимовски одново беше двоцифрен со 10 поени, а му недостасуваше само еден скок за да забележи дабл-дабл (9 скокови). Најефикасен беше Велс со 27 кошеви.

Нареден ривал на Вашингтон Стејт ќе биде Вашингтон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни