Поврзете се со нас

Репрезентација

Изов го објави списокот на фудбалерки за дуелите со Летонија и Австрија

Објавено

на

Женската репрезентација на Македонија ги продолжува квалификациите за пласман на Светското првенство кое наредната година ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд.

Пред нас се дуели против Летонија и Австрија, а селекторот Кирил Изов ги одбра фудбалерките кои ќе го бранат националниот дрес на овие мечеви.

Овие натпревари се закажани за 1 (Скопје) и 6. септември и на истите репрезентацијата ќе ја предводат Наташа Андонова од Леванте и Гентјана Рочи од Купс.

Повикани се следниве фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Викторија Панчурова (Тиверија);

Одбрана: Драгана Костова (Каменица Саса), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Елена Петровска (Љуботен), Викторија Недева (Тиверија), Ана Милчевска (Истатов Кул), Теодора Ѓорѓиевска (Истатов Кул), Христина Јошевска (Љуботен), Јулија Живиќ (Сплит);

Среден ред: Александра Јовановска (Истатов Кул), Мила Талевска (Каменица Саса), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Марјана Нацева (Борусија Дортмунд), Теа Божиновска (Ријека), Хава Мустафа (Шкендија), Александра Марковска (Скопје), Наташа Андонова (Леванте), Елма Шемсовиќ (Каменица Саса);

Напад: Оливера Цоклеска (Ас Јунајтед), Улза Максути (Ас Јунајтед),  Бојана Петкова (Истатов Кул), Салији Шкипе (Хесен Мулхајм. Германија), Гентјана Роки (Купс, Финска);

Тренинг базата на нашата женска селекција е во хотел Истатов, Нов Дојран.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни