Поврзете се со нас

АБА лига

Ивановиќ го испровоцира Обрадовиќ: Никогаш не би си дозволил такво нешто

Објавено

на

АБА белградското дерби вчера му припадна на Партизан, а натпреварот беше одбележан и со инцидентот во кој Лесор го нападна Петрушев по завршувањето на дуелот.

Сепак, тоа не била последна провокација меѓу двете страни, бидејќи ваква епизода имале и тренерот Душко Ивановиќ и Жељко Обрадовиќ.

Искусните и трофејни тренери вообичаено се коректни со изјавите во однос на големото ривалство, но тренерот на Црвена Звезда вчера успеа да го испровоцира Обрадовиќ.

– Без разлика што вечерва изгубивме, знаеме дека ќе ги добиеме на крајот. А, она што е најважно е дека и Партизан знае дека ќе ги победиме, – изјавил Ивановиќ.

Обрадовиќ очекувано бил информиран за ваквиот став, па одговорил на својата прес-конференција.

– Никогаш себеси не сум си дозволил да изјавувам нешто во името на противникот.

– Имаме победа повеќе, ќе се обидеме да ја задржиме предноста, а во плејофот се е во игра. Дали јас некогаш сум зборувал што мислат другите, дали според вас тоа е нормално?, – рекол Обрадовиќ.

Неверојатниот Лесор го реши дербито меѓу Партизан и Звезда, па направи глупост по крајот на мечот (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни