Поврзете се со нас

АТП

Иванишевиќ: Ѓоковиќ беше број еден во историјата и пред Ролан Гарос

Објавено

на

Горан Иванишевиќ е член на стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ, а денеска повторно го коментирал успехот на српскиот тенисер, кој со победата на Ролан Гарос, стигна до рекордна 23. грен-слем титула.

Хрватот вели дека триумфот во Париз не бил неопходен за потенцирање на статусот на Новак како број еден на сите времиња.

– Ѓоковиќ беше најдобар тенисер во историјата и пред да го освои овој грен-слем трофеј.

– Секогаш ќе постои таа дебата со фановите на Федерер и Надал, кој тенис бил подобар, а кој поубав.

– Но, кога ќе ги погледнеме резултатите, колку трофеи освои Новак последните 10 години, билансот меѓу нив тројца и бројот на недели на врвот на АТП ранкингот, едноставно тие не можат да се споредат со Ѓоковиќ, – рекол Иванишевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни