Формула 1
Истрага за првиот човек на ФИА: Бен Сулајем го спасувал Алонсо од казна и лобирал против Лас Вегас

Почетокот на новата Формула 1 сезона е одбележана со уште една рутинска победа на Макс Ферстапен, но и скандалот во кој многумина инволвирани во шампионатот бараат одговорност и отказ за тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер.
Засега актуелниот шампион стои зад Хорнер, но тоа не значи намалување на притисокот иако за момент специјализираните медиуми го префрлија фокусот кон претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем.
„Би-Би-Си“ ексклузивно објави дека ФИА отворила интерна истрага пред етичката комисија, откако анонимен свиркач доставил сериозни докази за неколку контроверзни потези на поранешниот рели возач од Емиратите.
Првото обвинување на сметка на Бен Сулајем е дека влијаел на стјуардите да ја повлечат казната за Фернандо Алонсо на трката во Саудиска Арабија во 2023 година, нешто што заврши со посакувано сценарио за Шпанецот и неговиот тим Астон Мартин.
Доколку казната беше потврдена, Алонсо ќе останеше без подиум, но без неа го освои третото место.
Второто обвинение е поврзано со враќањето на Ф1 во Лас Вегас, односно лобирањето на првиот човек на ФИА за патеката во американскиот град да не добие зелено светло на основа на недоволната безбедност.
Формула 1 инвестираше сериозна сума за враќање на шампионатот во Лас Вегас, но од нејасни причини Бен Сулајем инсистирал да не биде одобрен безбедносниот сертификат, нешто што сепак не било испорачано од членовите на комисијата.
-
Англија17 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија14 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА22 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
Свет23 часа
Олимпија Милано со два збора ги опиша движењата на Димитријевиќ: Класа и елеганција (Видео)
-
Англија22 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
АБА лига21 час
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Шпанија23 часа
Итуралде: Себалјос требаше да добие црвен картон уште во 25. минута (Видео)